Имаат посебно место во неговото срце – Шефот Никола покажа кои се НЕГОВИТЕ ТРИ УБАВИЦИ за кои ќе направи сé во животот!
Еден од најпознатите готвачи во земјата покажа како го поминува слободните денови.
Додека вчера многумина го славеа Денот на вљубените, познатиот шеф Никола покажа како нему му помина слободниот ден и со кого го помина.
Речиси и да нема човек кој не го знае шеф Никола од познатото кулинарско шоу кое секој работен ден го гледаме на ТВ Сител, каде заедно со шеф Марк споделуваат интересни и едноставни рецепти.
Двајцата професионални готвачи Никола и Марк секојдневно приготвуваат едноставни и брзи јадења и сето тоа го прават за само 20 минути со намирници кои и носат натпреварувачите, додека пак публиката со нетрпение очекува да види што ќе приготват врвните шефови.
Не само на професионален план, шеф Никола и приватно е посветен сопруг и татко.
Шеф Никола на својот Инстаграм профил објави дека денот го поминал со своите најмили односно со сопругата и двете ќерки.
Целото семејство замина во Струга каде уживаа, а за крај тој сподели фотографија од ќерките и напиша „моето се“.
Никола Мишковски е неколку години во брак со неговата преубава сопруга Стефанија со која има две ќерки.
Па иако приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, неретко ги покажува своите две прекрасни ќерки Стефанија и Калиа.
Во 2019, на почетокот на месец јули шеф Никола и неговата сопруга Стефанија ставија потпис во матично и официјално нивната љубов ја крунисаа со брак.
Наместо класична свадба направија журка за која долго време се зборуваше. По ова заминаа на меден месец, а во септември неговата невеста се породи.