Реклама
Трендови

Тренд што го обожава Кардашијан, но и македонската Пинк ѕвездичка – најнеобичните панталони што сме ги виделе досега

Реклама

Без разлика дали ни се допаѓаат или не, едно е сигурно – тие се хит и многу трендетерки ги обожаваат.

Да се покаже што повеќе „кожа“ е во мода веќе некое време (овој тренд посебно важи за жените), а дизајнерите сега направија и еден чекор понатаму и претставија панталони со отвори на поприлично необично место.

Маркетинг

Имено, скинатите фармерки веќе не се ИН и на нивно место доаѓаат длабоки фармерки со отвори во пределот на колковите.

И додека колекциите за 2021 година изобилуваа со дупки, вакво модели дефинитивно се нешто што досега не сме го виделе.

Маркетинг

Тие веќе се голем хит во светот и ги обожаваат многу девојки како што се Ријана, Бела Хадид и Ким Кардашијан.

https://www.instagram.com/p/CQrPPLthpRv/

Што се однесува до нашите пејачки, овие денови можевме да ја видиме и Антониа Гиговска во сличен модел.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Таа избра кожна варијанта што ја носеше со „кроп топ“ и текас јакна, а во центарот на вниманието беа колковите и стомакот.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Она што можеби најмногу допринесе за популарноста на овие необични модели е што се покажаа како поприлично интересни и впечатливи за позирање за социјалните мрежи, па многу девојки не можеа да им одолеат.

Фото: Инстаграм/ Бела Хадид

Тие се интересни за комбинирање со краток горен дел кои исто така им се омилени на новите генерации, а единствената мана им е што не се многу премногу практични за студените зимски денови, како и што некои од нив изгледаат премногу провокативно, па едноставно не ги сакаат сите.

Фото: Инстаграм/ Бела Хадид

Сличен модел неодамна „фураше“ и Кија Коцкар, која за разлика од Гиговска избра покласична, бела варијанта.

Фото: Инстаграм/ Бела Хадид

Инаку овој тренд со прорези на необични места е популарен веќе неколку сезони и може да се најде и кај фустаните.

Фото: Инстаграм/ Кија Коцкар
Фото: Инстаграм/ Кија Коцкар
Фото: Инстаграм/ Кија Коцкар
Фото: Инстаграм/ Кија Коцкар

Во светот голема прашина подигна фустанот што го носеше Ким Кардашијан, кој можеби и најмногу допринесе за овој тренд.

Фото: Инстаграм/ Кија Коцкар

Како таа изгледаше во ова издание, но и неколку други „стрит-стајл“ изданија на познатите блогерки погледнете во продолжение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button