Познатата тетовчанка изгледа топ и без грам шминка на лицето – ПPOВОКАТИВНА мама која знае како да го привлече вниманието
Се почесто покажува дека е една од најзгодните жени во земјава и нема дилема дека е една од најубавите и најпосакуваните.
Млада, згодна и убава таа во последно време изгледа поубаво од било кога, а се чини дека ужива да го покажува тоа.
Кристина Димитриевска без разлика дали е на сцена или приватно не остава никого рамнодушен каде и да се појави.
Овојпат Кристина објави кратко видео на Инстаграм приказните каде без грам шминка пееше пред камерата и срамежливо се смешкаше.
Со полни усни, совршено лице и неодолива насмевка Кристина освојува и без трошка шминка.
Таа во посолено време често настапува по локали ширум Македонија, а на нејзиниот Инстаграм профил се почесто може да се видат жешки фотографии.
Она што посебно привлече внимание е и тоа што Кристина и покрај тоа што е мајка, сè уште изгледа беспрекорно, со тенка половина и истрениран стомак, со што ги мами машките воздишки.
Имено, манекенката веќе некое време настапува и низ клубовите во Македонија со одредени ДиЏеи и трап артисти, оставајќи ги во транс и со паднати вилици претставниците на посилниот пол во публиката.
Инаку Кристина е поранешна манекенка, па не е ни чудно што изгледа вака.
Во 2019 година победи на изборот за „Мис на Балканот“ 23-годишната Македонка од Тетово ја освои престижната титула.
Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а Втора придружничка е девојката од Црна Гора.
Се истакна меѓу убавиците на „Miss Globe 2019“ и ја освои титулата „Мис фотогеничност“., а сега сигурно плови во „музичките води“.