Еве на кого е убава македонската „Пинк ѕвездичка“ и што вели за своите пpoвокативни фотографии кои никого не оставаат рамнодушен
Мартија Станојковиќ редовно објавува фотографии на својот Инстаграм, од кои можеме да видиме колку е убава.
Таа е млада, шармантна и негувана девојка и важи за една од најубавите пејачки од помладата генерација кај нас.
Мартија со својата харизма и природен шарм никого не остава рамнодушен, а тоа дека не и се потребни корекции најдобро сведочи нејзината мајка.
Оние што ги познаваат велат дека својот шарм, но и позитивен дух го наследила токму од својата мајка со која и ден-денес е многу поврзана.
Но за разлика од неа, Снежана има пократка коса, но обликот на лицето, очите, па и насмевката им се речиси идентични.
Таа воедно е и нејзината најголема потпора во животот, а Снежена е горда и среќна на својата ќерка.
Впрочем за тоа сведочи и самиот профил на Снежана која многу често објавува фотографии од својата наследничка.
Но овој пат нејзината ќерка ги изненади сите кога објави стара фотографија од својата мајка во костим за капење.
Снежана е нејзин најголем фан и секогаш ја поддржува во нејзината музичка кариера, а цело време беше покрај неа и додека се натпреваруваше во „Пинк ѕвездички“, кога со својот неверојатен талент ги освои сите.
Инаку Мартија п потекло е од Куманово, и на седми април оваа година ќе наполни 18 години.
Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент уште кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото „Ултра”. Мартија кога имаше само седум години ја сними својата прва песничка „Пејачка ќе станам“ со која настапи на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“.
На „Пинкови ѕвездички“ учествуваше во текот на 2015 и 2016 година, каде постигна голем успех.
Таа стигна до самото финале и го освои второто место, а истата година ја преставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија кога се пласираше на дванаесеттото место.
Мартија денес често објавува и пpoвокативни фотографии, заради кои понекогаш предизвикува и негативни реакции.
На прашањето дали ваквите негативни коментари влијаат на нејзината самодоверба, еве што вели пејачката:
„Па, генерално секоја критика е добредојдена. Јас мислам дека начинот на кој се сликам е прикладен и ништо не е премногу. Луѓето можат да дадат мислење околу моето пеење, изглед и било што, но на крајот на денот уживам во она што го правам. Коментарите се само реакции на тоа што го правам, а тоа влијае на мојата самодоверба“, изјави Матија.
Како изгледа таа во овие свои изданија, но и како изгледа нејзината мајка, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Снежана Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Снежана Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Снежана Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Снежана Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ