Најпознатите сестри во Македонија ги изненадија сите со СТАРА ФОТОГРАФИЈА – еве како изгледале како девојчиња!
Познатата македонска пејачка која живее во Србија имаше убава причина за славење.
Тијана Дапчевиќ на сцената е повеќе од две децении, а во последниве години е успешна и како актерка во „Преспав“.
Таа е препознатлива по својот специфичен моден стил, но и по „необичните“ фризури кои веќе со години ги „фура“.
Таа денес имаше посебна причина за славење, а честитки пристигнуваа од сите страни.
Сепак помеѓу нив се најде и честитка од нејзината сестра Тамара Тодевска која со фотографија од нивното детство и го честиташе роденденот.
-Ти да не беше немаше да ме има ни мене. Мој прв идол и узор. Моја најдобра другарка и најголема поддршка. Те сакам сесре. Бескрајно.
Среќен роденден. Да победиш на Беовизија и да идеме пак на Евровизија. Биди здрава, среќна и успешна.-напиша Тамара.
Ова не е првпат тие да објават ретро фотографии.
Тамара и Тијана често споделуваат фотки од детството на кои изгледаат слатко и неодоливо.
Тие долго време се на музичката јавна сцена, а во последно време изгледаат поубаво од кога било.
Двете сестри напорно работат на својата фигура, па со здрава исхрана и напорни тренинзи успееја да ја доведат својата фигура до совршенство.