Шехерзад веќе со години не зборува со својата родена сестра – сите ШОКИPAНИ од она што и го направи најблиската личност!
Бергузар Корел има сестра која е во лоши односи со семејството
Сестрата на Бергузар, Зејнеп Корел, на своето семејство му приреди вистинска тортура, која реши на почетокот од 2020 година, по трагичната загуба на нивниот татко, да поведе судски спор околу нивното семејно наследство.
Таа во тужбата бараше да се продаде целиот имот од нивниот татко и да се подели наследството, пишуваа турските медиуми.
Поради ова нејзино барање, односот помеѓу неа и нејзината сестра, популарната Шехерзад, беше нарушен.
За време на судскиот процес, сестрата на Бергузар се нагоди со семејството, па случајот беше завршен.
Зејнеп инаку многу ретко се појавува во јавноста, бидејќи не сака да се експонира, а за нејзиниот сегашен однос со сестрата Бергузар турските медиуми претпоставуваат дека се уште не се добри.
И бидејќи турската актерка неодамна се оствари во улога на мајка по трет пат, таа сега има една грижа помалку, па може да се посвети на својата мала ќеркичка Лејла и да ужива во мирот во својот семеен дом.
Инаку, медиумите пред извесен период пишуваа и дека актерката има проблеми во бракот.
Но очигледно дека во прашање се гласини кои немаат никаква поткрепа во реалноста, затоа што и Бергузар и нејзиниот сопруг Халит Ергенч, со кој глумеше во популарната серија „Илјада и една ноќ“, изгледаат пресреќно, а на нивните заеднички фотографии се гледа дека уживаат во љубовта.
Откако при крај на 2021 година станаа родители по трет пат, на ќерката Лејла, тие се среќни како и првиот ден од љубовта.
За тоа впрочем сведочи и следната фотографија на која Халит ја бакнува својата 12 години помлада сопруга.
Парот се заљуби на снимањето на популарната серија, кога Бергузар имаше само 23 години.
Таа тогаш имаше моме, додека Халит беше во брак.
Но заради неа тој ја остави тогашната сопруга Гизем Сојсалди, која заради тоа одлучи да го пометне нивното дете.
Бергузар и Халит се венчаа во 2019 година и сега имаат три деца.
Покрај ќерката Лејла која се роди минатата година на почетокот од ноември, тие ги имаат и синовите Хан и Али.
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел