Таа важи за една од најдотераните дами во Скопје, а и нејзината сестра е ВИСТИНСКА убавица – изгледаат како излезени од списание!
Не се знае која е поубава!
Популарната пејачка која ужива во луксузот сподели неколку фотографии со нејзината сестра, а не се знае која е поубава.
Многумина ја познаваат Аделина Тахири која важи за една од најубавите и најдотераните пејачки во земјава која ужива во луксузот, но малкумина ја имаат видено нејзината сестра за која е малку да се каже дека изгледа како барбика.
Тие две докажаа дека крвта не е вода, а убавината во нивното семејство е наследна.
Албанската пејачка и нејзината сестра премногу личат една на друга, а според последните фотографии тешко е да се разликуваат една од друга и изгледаат како идентични близначки.
Диана Тахири е русокоса девојка со светли очи, како и Аделина, и е вистинска убавица.
Диана е исто така доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии и со својата сестра.
Тие двете деновиве заедно се на зимување и уживаат во друштво една со друга.
Двете заедно направија заедничка фотосесија на снегот, па на многумина им е тешко да ги разликуваат.
Убави со светли очи, полни усни и едноставно неодоливи двете заедно личат на ангели.
Диана е буквално нејзина двојничка, а неретко носат и исти парчиња гардероба и накит.
Аделина е дефинитивно една од најубавите пејачка на јавната сцена, која максимално се грижи и за својот физички изглед.
Ужива во луксузот и брендирана облека, па иако е мајка на едно дете таа изгледа преубаво.
Во 2017 година Аделина се омажи за македонскиот адвокат Серјожа Марков, а истата година го добија и своето прво дете.
Ова е второ дете и втор брак за Серјожа. Тој од првиот брак има ќерка.