Ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев ужива во Франција.
Александра, на социјалните мрежи е позната по својот беспрекорен изглед.
Убавата струмичанка знае како да ужива, а сега уште еднаш го докажа тоа.
Шармантната Александра неретко знае да ги воодушеви своите обожаватели со нови фотографии, а таа беше и овој пат кога никого не остави рамнодушен.
Oвојпат таа објави фотографии од популарна туристичка дестинација која изобилува со луксуз.
Сепак Александра не покажа кој и прави друштво на ова рајско место, но нема сомнеж дека ужива.
Александра ужива во Ајгил ду Миди, планина која е висока 3.842 метри во масивот Мон Блан во рамките на француските Алпи. Тоа е популарна туристичка дестинација и може директно да се пристапи со жичарница од Шамони, која посетителите ги носи близу до Мон Блан.
За неверојатниот пејзаж нема потреба да се зборува, кратките видеа кои Александра ги објави зборуваат сами за себе.
Инаку, Зоран и Зорица Заеви покрај ќерката Александра, го имаат и синот Душко кој е средношколец и сè уште живее со нив.
За разлика од Душко, Александра живее во Софија каде студира медицина, па ќе биде и првата докторка во семејството.
Судејќи по фотографиите кои Заеви ги споделуваат на социјалните мрежи очигледно е дека Александра ја наследила убавината од мама Зорица која исто така изгледа неодоливо.