Пендаровски со последно збогум за Аки Рахимовски- еве што напиша претседателот во книгата на жалоста
Македонскиот претседател се запиша во книгата на жалост за Аки Рахимовски.
На Градскиот плоштад во Скопје македонски граѓани денес му оддадоа последна почит на Аки Рахимовски, еден од најдобрите рок вокалисти во регионот.
Меѓу многуте граѓани кои се појавија да се потпишат, беше и претседателот Стево Пендаровски кој положи и бела ружа на фотографијата која беше поставена на плоштадот.
– Аки Рахимовски остави неизбришлив белег и трајни вредности коишто се инспирација за сегашните и идни генерации музичари, а неговата оригиналност, изразена низ безвременските песни, ќе биде длабоко врежана во колективната меморија на целиот регион. Горди сме што сме современици на легендарниот Аки, кој верно ја негуваше врската со неговото Скопје во кое мина дел од младоста.
Нека почива во мир,
Вечна му слава.-напиша Пендаровски денес во книгата на жалост.
Пендаровски покажа и снимка од еден од последните настапи на Аки на кој имал можност да присуствува за време на една посета во Загреб.
Вечерта била приредена од претседателот Милановиќ, каде имало поканети истакнати Македонци, а меѓу нив бил и Аки бил меѓу нив, па надвор бод програмата и предвиденото сценарио станал и отпеал неколку македонски песни, а Пендаровски сето тоа го снимил со својот мобилен телефон и секако го зачувал.
Овој настан наречен „Да го испратиме со песна нашиот Аки“ го организира радио „Бубамара“ со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје, ден пред погребот на музичката мегаѕвезда во Загреб.
Легендарниот пејач од групата Парни Валјак, Аки Рахимовски по-чина на 67 година од животот, а многу познати личности се простија од него.