Скршен од болка, македонскиот пејач ИЗГУБИ ДРАГ ПРИЈАТЕЛ: „Збогум и почивај во небесното царство“
Македонскиот фолкер изгуби драг пријател и напипа емотивна порака за него.
Фолк пејачот Марјан Коцев ги трогна, но и растажи своите следбеници со фотографијата и пораката којс ја напиша на Инстаграм.
Марјан инаку е познат како весел човек, кој со својот глас и изведби умее да направи вистински “бум” каде и да настапува.
Долги години е дел од макединската музичка сцена, а неговите песни се знаат наизуст.
Дури и помладите генерации ги пејат во еден глас.
„Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ се песните кои никој не оставаат рамнодушен и без кои не може да помине ниту една свадба или семејна прослава.
Освен во Македонија, популарен е и во дијаспората, каде Македонците сонетрпение чекаат да дојде да настапува.
Еден е од ретките кој споделува и приватни моменти на социјалните мрежи и со гордост го покажува своето семејство.
Секогаш ѝ посветува и интересни пораки на својата сакана.
Неговото семејство е негово најголемо богатство и секогаш на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа со саканите.
Тој е повеќе од 11 години во брак со сопругата Билјана.
Она што досега го има откриено за медиумите е тоа дека се запознале на една свадба каде што пеел пејачот и по една година стапиле во брак.
Плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Дуња и синот Данило.
Поради пандемијата која го затресе светот, настана економска криза во скоро сите земји, а поради рестриктивните мерки пејачите во Македонија немаа можност повеќе од една година никаде да настспуваат.
Во интервју за Сител телевизија, Марјан откри како го пребродиле тешкиот период.
„Во претходната година имав и добри и ло ши моменти. За жaл изгубив многу блиски пријатели, роднини, го изгу бивме и Зоран Џорлев.
Потоа и дома сите закачивме корона, не беше лесно воопшто, јас бев и мајка и татко и доктор, бевме затворени дома, брат ми доаѓае само и ми подаваша храна.
Ни требаа месеци да закрепнеме и јас и семејството минувавме во многу тежок период но сето тоа го надминавме“, раскажа Марјан Коцев.
На својот Инстаграм профил тој сега сподели фотографија од негов драг пријател кој го загубил животот.
„Се запознавме во твојата кафеана во Сиднеј пред точно 3 години, а сега мора да се збогувам од тебе Иле Моша, драг пријателе мој.
Збогум и почивај во небесното царство со ангелите“, напиша пејачот.
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев
ФОТО: Инстаграм / Марјан Коцев