Познатиот македонски шоумен утринава сподели тажна вест.
Речиси и да нема човек во Македонија на кој не му е познато семејството Џамбазови.
Големиот маестро Александар Џамбазов и Анче Џамбазова кои се родители на еден од најпознатиот и најталентираниот шоумен Игор Џамбазов, како и неговиот дедо Петре Прличко се познато уметничко семејство.
Утринава тој соопшти дека по 25 години откако по-чина Анче Џамбазова, денес згасна и животот на нејзиниот сопруг, маестро Александар Џамбазов (86).
„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години … од денес, конечно со својата Анче … вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој …“, напиша Игор.
Пораки за сочувство пристигнаа од многу колеги и пријатели на Игор кои се потсетија на големиот маестро Џамбазов за кој Анќе беше и остана негова најголема љубов.
Тој не криеше дека ги чува писмата кои таа му ги испраќала додека бил во војска.
По нејзиното заминување од овој свет тој бил скршен и му требало време да закрепне.
Му било толку тешко што понекогаш размислувал и за одземање на животот, но она што го одржало се неговите деца.
-Мојот живот без Анче е трагикомедија. Јас сум медицински феномен. Имам шеќер веќе 25 години и за овие години на контрола не сум отишол.
На мојот психофизички феномен што го имам во себе не му веруваат докторите, не сум бил 24 години на контрола а 22 години не сум го мерел шеќерот.
„Да, да 24-та година како примам инсулин а не сум бил на контрола. Јас сум навистина некој медицински феномен, бидејќи вакво нешто во областа на дијабетисот не е можно. Зошто? Само затоа што ме држи љубовта кон Игор и Тања. Тоа ме одржа во живот. Инаку без Анче немаше да преживеам!“, изјави во своето интервју за „ММС“ Александар во една прилика.