Јелена Карлеуша во шок – нејзиниот сопругот ја „мувал“ ќерката на поранешната сопруга на Аца Лукас?! Таа конечно се огласи!
Еве што вели Софија за овие гласини!
Веќе со денови се зборува за проблемите што ги има Јелена Карлеуша во бракот со фудбалерот Душко Тошиќ.
Имено, за време на божиќните празници се случи голем скандал кога Тошиќ наводно ја удрил пејачката, па доби забрана да и се приближува. По овој настан Карлеуша заедно со ќерките замина за Дубаи, и токму кога почнаа „страстите“ полека да стивнуваат, во медиумите се појавија приказни дека фудбалерот пронашол нова девојка.
Наводно Тошиќ кој деновиве во родниот Зрењанин го прослави роденденот со пријателите, веќе некое време бил во врска со Софија Шашиќ.
Таа е ќерка на пејачот Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ, а откако се појавија овие гласини, Тошиќ остана доследен и не сакаше да ги коментира, додека Софија за хрватскиот магазин „Стори“ ги демантираше истите.
„Во прашање е апсолутна лага. Не сакам да ги коментирам овие гласини бидејќи тужбата веќе е испратена на адресата на која што треба“, изјави кратко Софија за споменатиот хрватски магазин.
Како што претходно објавија некои медиуми, нивната врска наводно траела три месеци и повеќе пати биле видени заедно во јавноста.
Тие, наводно, се гледале и пред скандалот со Карлеуша, а Душко и кажал дека неговиот брак е на лабави нозе.
Откако овие гласини се појавија во медиумите, Карлеуша реши повеќе да не ја следи на Инстаграм мајката на Софија, Соња Вуксановиќ.
https://www.instagram.com/p/CXibsGtKnZi/
Инаку, Соња му е поранешна сопруга на Жељко Шашиќ со кого ја има ќерката Софија, а од бракот со Аца Лукас – Викторија.
https://www.instagram.com/p/CR-6I2pqMvU/
Вуксановиќ стана позната како сопруга на познатиот пејач Жељко Шашиќ со кого беше во брак десет години.
https://www.instagram.com/p/CQ8FAz6pjcn/
По овој брак таа во 2010 година се омажи за нивниот венчален кум Аца Лукас. Овој брак траеше седум години, а официјално се разведоа во септември 2019.
https://www.instagram.com/p/CQO0qf3p7py/
Таа во меѓувреме стана сопственичка на бутик во центарот на Белград, а откако и се прошири работата почна да се занимава и со дизајнирање на облека.
Таа е сопственичка на брендот „Соња Фешан“.
Фото: Инстаграм/ Софија Шашиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Шашиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Шашиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Шашиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Шашиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Шашиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Шашиќ