Исплива стара фотографија од нашата познатата пејачка- девојката со руско потекло целосно непрепознатлива
Убава пејачка со руско потекло сподели ретро фотографија.
Иако својата кариера ја започна многу млада се чини дека од година во година е сè поубава.
Викторија Лоба својата кариера ја започна многу млада и на само 13 години ја претставуваше Македонија на детска Евровизија.
Токму од тој период Викторија сподели фотографија на која изгледа целосно непрепознатливо.
Имено таа на Инстаграм одговоир на таканаречен предизвик и сподели фотографија на која е со шишки, па се пошегува на своја сметка и напиша: „на 13 години, среќа брзо пораснаа“.
Иако многу млада Лоба уште од тогаш зрачеше со убавина.
Таа е родена во Русија, но на 7 годишна возраст се преселила во Македонија заедно со нејзините родители.
Лоба може да се пофали со богата музичка кариера и многу настапи на македонските фестивали, но освен пеење таа одлично се снаоѓа и како актерка.
Викторија има искуство и како глумица. Во 2007 година таа ја играше главната улога во драмата Лолита од Набоков, во македонскиот драмски театар.
Од почетокот на кариерата па досега, Лоба остана доследна на својот стил и го негува природниот изглед. Таа е една од оние девојки кои не се срами да позира без шминка.
Инаку Викторија е во врска со македонскиот бизнисмен Ѓорѓи Калешов, но сепак пејачката не се брза да ја официјализира со брак.
„Јас имам изградено став за семејството. Мојот став е дека кога две индивидуи ќе се сплотат во едно на емотивно, духовно и секакво можно убаво ниво, тогаш тие стануваат семејство. Потписот, како што сум кажала, никогаш не ми бил важен, е само формалност за еве да направиме некоја забава за сите наши најблиски и така натаму …“, рече таа.