Карлеуша по cкандалoт со сопругот повторно е во центарот на ВНИМАНИЕТО – изгледа пoжeшко и од Мерилин Монро!
Немирен фустан и длабок шлиц со кој популарната пејачка и овој пат никого не остави рамнодушен
Балканската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша вчера во Дубаи одржа концерт за паметење, а со едно видео од пробата покажа зошто важи за дива.
Популарната балканска поп=пејачка на бината заедно со Азис ја изведе песната „Те оставам“, а на прв поглед нејзиниот делумно провокативно издание, откако дувна ветерот се претвори во глетка од кој секој се топи.
Пејачката носеше фустан со зебрест дезен и марама на главата, а креацијата имаше длабок прорез до колковите.
Карлеуша целото издание го заокружи со бели високи потпетици, а во еден момент, додека мешаше со своето тело на сцената, малку повеќе се занесе и благодарение на ветерот, следуваше Мерилин Монро сцена од која на многу мажи што во тој момент ја следеа, им застана здивот.
Пејачката потоа заедно со своите танчарки направи атмосфера за памтење, а фановите цело време го снимаа нејзиниот перформанс.
Инаку, Карлеуша на ова патување во Дубаи е заедно со своите ќерки, кои го гледаа нејзиниот настап заедно со голем број обожаватели.
Местата беа исполнети, а Карлеуша на сцената се појави во пинк костум, додека на рацете и на главата носеше аксесоари направени од пердуви.
И покрај големата драма што се одвиваше во нејзиниот семеен дом за Божиќ, кога нејзиниот сопруг наводно и удри шлаканица, заради што го пријави во полиција, а Тошиќ го негираше инцидентот, Јелена овој пат како професионалец се појави и блескаше во сиот сјај на сцената.
Како таа изгледаше погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм