Атиџе славеше роденден, а Сузана имаше посебно изненадување за неа- ваква пријателка секој би посакал
Откако се запозна со Сузана нејзиниот живот драстично се промени.
Медената хероина Атиџе Муратова која остави голем печат како во Македонија, така и во светот, деновиве славеше роденден, а нејзината најдобра пријателка Сузана Турунџиева и честиташе роденден и објави аукција на портрет.
Аукцијата беше активна 24 часа, а сега Сузе соопшти дека портретот на Атиџе бил продаден на анонимен купувач, а паричните средства ќе и бидат дадени на Атиџе.
-Вечер точно на полноќ стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58 роденден на нашата Атиџе Муратова планирано е тоа да биде 24 часовно наддавање за уметничко дело – портрет на Атиџе, кој за оваа цел го изработи младиот и талентиран уметник Саше Милевкси во техника акрил на платно, со димензии 90×70. Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе стане сопственик на истиот, и ќе има прилика средствата лично да и ги подари на Атиџе.
Добредојдени сте сите кои сакате да се вклучите во наддавањето кое ќе биде јавно, транспарентно, во коментари на овој пост.
Почетна сума за наддавање-10000 денари. Наддавањето започнува точно на полноќ и трае до утре на полноќ. Секој кој ќе си дозволи коментар или порака со каква било навредлива содржина или говор на омраза ќе биде блокиран, отстранет од листа на пријатели и пријавен кај фб администратор, напиша Турунџиева покрај фотографијата од портретот на Атиџе.
Потоа Сузана соопшти дека портретот е продаден и се заблагодари на сите кои учествуваа во аукцијата.
-Ех Битола моја, секогаш си со мене! Сопственик на портретот на Атиџе Муратова изработен од уметникот Sashe Milevski е анонимен купувач, кој географски е многу далеку, ама срцето и душата му се секогаш во Битола. Благодарност до сите кои и го честитате роденденот на Атиџе, а најголемо БЛАГОДАРАМ за гестот на уметникот кој ја понуди сликата за да и го разубавиме роденденот на Атиџе – напиша Сузана на Фејсбук.
Неодамна Сузана и Атиџе о промовираа својот прв албум „Пола мене, пола тебе“ кој може да се купи за 500 денари и секако овие средства се наменети за Атиџе.
Уште од првиот момент кога се запознаа, Сузана вети дека ќе се труди да го промени животот на Атиџе на подобро, а тоа секојдневно и го прави.