Василка откри каква навика има шеф Марк – Нема да ви се верува што најпрво прави наутро
Важи за миленик на публиката кога станува збор за готвењењто.
Интересен и секогаш насмеан шеф Марк де Јонг е познат по кулинарското шоу „Брза кујна“ каде заедно со шеф Никола секој ден споделуваат брзи и едноставни рецепти.
Тој заедно со својата сопруга Василка неодамна беа на Малдиви, а се пример за тоа како треба да изгледа вистинска љубов.
Двајцата гостуваа во „Магазин“ на Сител, па открија дека живеат од другата страна на Водно, Сопиште и уживаат во пејзажите кои ги нуди природата.
Василка откри дека Марк има една интересна навика наутро, односно зборува со своите цвеќиња, а потоа заедно со сопругата појадуваат.
Василка откри дека искреноста и харизмата ја освоиле, но и позитивноста која Марк ја поседува, бидејќи како што вели таа сака позитивни луѓе и ја прават среќна.
Двајцата често одат на патување и уживаат во таквите моменти, но велат дека коронакризата малку ги ограничува.
Василка во интервјуто откри дека на 50-от роденден си ветиле еден на друг дека ќе уживаат во секој ден поминат заедно, па со оглед на тоа дека се авантуристи двајцата уживаат во патувањето.
Иако Марк е професионален готвач велат дека не готват заедно туку додека едниот готви, другиот е на другата страна на шанкот, но Марк призна дека гравчето и грашок манџа на Василка се нешто на што и симнува капа.
Она што малкумина можеби го знаат е тоа дека Марк има македонско потекло.
Неговото семејство живеело во Скопје, но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде Марк живеел до пред неколку години.
Тој во интервју за Сител ја раскажа својата приказна и кажа дека дошол во Македонија само поради аманетот кој му го оставила неговата баба. Таа пред да поч-ине го замолила барем еднаш да дојде во посета на земјата од каде потекнува неговата мајка.
Инаку Василка и Марк имаат две деца, син и ќерка, кои живеат во Белгија.