Еден од најпознатите музичари во земјава го покажа своето семејство.
Музичарот Џамбо Агушев љубоморно го чува својот приватен живот од медиумите, а неговата избраничка Асена, немаме многу често прилика да ја видиме во јавноста, но овојпат тој направи исклучок.
Џамбо и Асена се заедно веќе повеќе од една деценија и со неа Џамбо има три деца.
Џамбо на кратките Инстаграм приказни сподели фотографија од неговата убава сопруга, заедно со нивната ќеркичка.
Освен таа тој сподели уште една фотографија на која неговата ќеркичка му спие во рацете и изгледа како ангелче.
Љубовта меѓу двајцата сопружници започнала на многу интересен начин.
Асена е Турчинка која живеела во Германија.
За време на настапот на Агушеви во Германија, Џамбо ја забележал Асена во првиот ред во публиката и веднаш му паднала во око. Кога се доближила да се фотографира со него, тој ѝ побарал телефонски број и така започнала нивната љубов.
Асена е исклучително убава жена.
Дефинитивно каде и да се појави не може да остане незабележана, па токму тоа е и причината зошто славниот музичар се заљубил во неа. Негувана, отмена, грациозна русокоса, која плени со својата убавина.