Младиот пејач скршен од болка со емотивни зборови за својот вујко- „И сам не сум свесен колку премногу ми фалиш“
Младиот македонски пејач со емотивни зборови по повод роденденот на неговиот вујко.
Огнен Здравковски по натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ сними неколку песни кои се слушаат како кај нас, така и во Србија.
Тој потекнува од познато музичко семејство, а негов вујко беше големиот Зоран Џорлев, еден од најдобрите и најпознатите виолинисти во земјава кој за жал прерано ја загуби битката со животот како последица на коронавирусот.
Огнен имаше посебна врска со својот вујко, па често зборува за него, а сега се потсети дека доколку беше жив денес ќе го славеа неговиот 55-ти роденден.
-Денес требаше да го прославиме твојот 55-ти роденден … Како летна една година, како вчера да се случи се … И сам не сум свесен колку премногу ми фалиш, а и тек допрва колку ќе фалиш … Среќен роденден најмил мој, мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ И ЗАСЕКОГАШ!!!-напиша Огнен.
Огнен за медиумите откри како тој и неговото семејство дознале за смр-тта на неговиот вујко.
Прва дознала сопругата на Џорлев, а потоа целото семејство.
„Ние живееме сите заедно, неговото семејство и моето семејство во иста куќа. Се лекуваше на инфективна клиника во Скопје и лекувањето беше стабилно.
Немаше некои компликации. И последниот ден, последниот час се случи тоа што не требаше да се случи, се откачи тpомб и не успеа да се избори со оваа проклета болест. Ете ќе кажам тоа било Божја волја, така требало да биде.
Како велат – добрите луѓе му требаат на Бога, а ете тој прерано му требал. Сега ќе им свири на ангелите, ќе нè чува од горе, кажа Огнен и додаде:
За вујко ми ќе кажам дека тој беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот. Тој ми беше како втор татко. Секогаш ме советуваше за музиката, за моето пеење. Среќен и горд сум што ми бил вујко.“
Тој беше човек со огромно срце, огромна душа, знаеше да прави само добри работи“ кажа Здравкоски.