Сузана Турунџиева со ЕМОТИВНА ПОРАКА за важна личност во нејзиниот живот: Свети и шири ја твојата светлина насекаде
Македонската водителка напиша емотивна порака за своето чедо и ги трогна сите.
Сузана Турунџиева е долги години дел од македонската сцена. Во себе крие многу таленти.
Водителка, пејачка, писателка… жена која е синоним за хрсброст, борбеност и упорнодт.
Секогаш насмеана и ведра, расположена да помогне секому.
Сузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници.
Во своите зрели 40-ти години, отпочнува со писателска кариера, и во период од само 4 години објавува 10 книги кои се многу популарни помеѓу нејзината многубројна читателска публика.
Турунџиева е една од нашите најубави и најпознати водителки, но зад нејзината успешна кариера стојат години и години макотрпна работа.
На социјалните мрежи е доста активна, а најмногу внимание привлекуваат нејзините објави поврзани со хероината од документарецот номиниран за Оскар, “Медена земја”.
Атиџе Муратова и Сузе се неразделни пријателки, а Сузе иако и самата се бори за секој денар, сепак неуморно се труди да ѝ помогне на Атиџе, да ѝ овозможи пристоен живот каков што заслужува.
Мајка е на две прекрасни ќерки, Лора и Матеа.
Лора ја доби во бракот со пливачот Александар Маленко, а Матеа во бракот со Маријан Јовановиќ, познат скопски угостител, кој пред неколку години ненајдено го изгуби животот.
Токму згаснувањето на неговиот живот за неа беше силен удар, но остана цврста и силна само заради своите две убавици.
На убав ден, токму на Божик се родила нејзината наследничка, круната на љубовта со Маријан, Матеа.
По тој повод Сузе одлучи да напише емотивна честитка и да сподели досега невидени фотографии од својата ќерка.
„Жените имаат многу желби, а мајките само една: Да им се децата здрави и среќни.
Среќен 13ти роденден моја Божиќна светулко.
Свети и шири ја твојата светлина насекаде, секогаш, дури и тогаш кога твоето светло некому ќе му пречи во очите… Не престанувај да светиш и да шириш љубов.
За многу години Божик, Христос се роди и Матеа се роди”, стои во опис на фотографиите.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева