Тамара и се „налути“ на Тијана: Само ти можеш да ме ставиш ваква на ИНСТАГРАМ (ФОТО)
Во последно време изгледа подобро од било кога и тоа секојдневно го покажува.
Речиси и да нема ден, а таа да нема некоја нова објава со која од ден на ден докажува дека работи на себе, а сето тоа има резултати.
Тамара Тодевска во последно време е доста активна на социјалните мрежи, но и често е ангажирана на настапи по скопските локали.
Таа имаше предновогодишен настап, а таму присуствуваше и нејзината сестра Тијана.
Тамара облечена во светкаво сако со длабоко деколте, високи чизми и едноставна залижана коса изгледаше како вистинска дива.
Токму поради празниците семејството ја искористи шансата да поминат време заедно, па двете сестри со децата, нивните миленичиња и нивната мајка позираа сите заедно.
Иако во опуштено издание и без шминка дамите едноставно блескаа, а не изостанаа ни комплименти.
Секако фотографијата ја објави Тијана, па Тамара веднаш изреагира.
-Само ти можеш да ме ставиш ваква на Инста-напиша Тамара, по што следеа низа коментари дека изгледаат природно и преубаво.
Нивната мајка Брана како и секогаш блеска, па јасно е од кого Тијана и Тамара ја наследиле убавината.
Инаку родителите на Тамара се разведени, а таа и нејзината сестра Тијана искрено зборуваа за разводот за српскиот магазин „Стори“.
Во неколку наврати, Тамара има изјавено дека нејзината мајка Брана која е поранешна оперска пејачка и професорот по контрабас, а со нејзиниот татко Велко Тодевски останале во добри односи по разделбата.