Новинарите Цаци и Александар со само една своја објава ги „срушија“ социјалните мрежи – еве што им порачаа на гледачите!
Една од напознатите ТВ презентерки и успешни новинарки во земјава со новогодишна честитка.
Важи за резервирана и приватноста ја чува далеку од очите на јавноста, па иако речиси секој ден на гледаме на малите екрани таа не е многу активна на социјалните мрежи.
Сепак објавите на Славица Арсова не остануваат незабележани.
Шармантната новинарка која е воедно и главен уредник на информативната редакција на Сител со една објава го сруши интерен и само за неколку часа доби повеќе илјади лајкови и низа коментари.
-Прегрнете ја новата година со надеж, соништа и амбиции …, напиша Цаци на Фејсбук.
Облечена во бела маичка и сино сако со дискретна шминка и совршена фризура Цаци едноставно блескаше, па не е ни чудно што доби стотина комплименти,меѓу кои и од нејзината сестра Бисера и нејзината мајка Розета Арсова која исто така е една од најпознатите ТВ новинарки.
Слична објава имаше и нејзиниот сопруг Александар Спасовски кој исто така е новинар во Сител телевизија, кој посака најпрво здравје на сите во 2022-та година, а потоа и сè друго.
-Бидете здрави. За сè друго може и сами да се изборите во новата година, напиша Александар.
Инаку Славица и Александар се во брак веќе неколку години, а круна на нивната љубов е нивната ќерка Мила.
Ретко објавуваат нејзини фотографии во јавност нема сомнеж дека малата наследничка ја наследила убавината од мама Цаци.
Цаци ретко зборува за својот приватен живот, во едно интервју за „Слободен печат“ таа одговарајќи на прашање за што би ги потрошила последните пари таа вели:
– Последните пари би ги потрошила на нова чантичка со детска апликација, за ќерка ми, рече Цаци.