Маријана од Австралија испрати топла новогодишна порака до сите во Македонија: „Денес сме здрави, живи, утре којзнае кај ќе сме“
Некогашната македонска пејачка од Австралија испрати новогодишна честитка до сите нејзини следбеници на социјалите мрежи.
И покрај тоа што долги години не е дел од македонската музичка сцена, народот не ја заборава Маријана Новчевска.
Маријана ј започна музичката кариера уште како многу млада заедно со својата сестра близначка Росана.
Со својот ангелски глас и изглед веднаш ја освоија публиката.
Тие беа навистина големо освежување за македонската сцена во тоа време.
Уште со самото нивно појавување се здобија со голема популарнот.
Дотогаш во нашата земја никогаш немало видено две сестри близначки да имаат таков вонсериски талент.
Нивните безвременски хитови се пеат до ден денес. Буквално ниту младите генерации ги немаат заборавено.
„Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ се уште се вртат на нашите радио станици.
Но, нивната заедичка кариера заврши тогаш когa Маријана одлучи да си замине од оваа земја. Тогаш Росана продолжи со соло кариера.
Маријана во Австралија се одлучи и за промена на професијата, па се вработи како стоматолог.
По извесно веме и Росана направи промена во кариерата и сега работи во една скопска книжарница.
Маријана е активна на социјалните мрежи, каде споделува често фотографии и од привтниот живот.
Публиката и понатаму е заинтересирана за неа и со нетрпение очекува нови фотографии.
Според објавите може да се заклучи дека таа навистина ужива во животот во Австрлија.
Патувања, дружби, смеа…сето тоа е дел од нејзиното секојдневие.
Во Австралија најмногу се дружи со пејачката Татјана Лазаревска, со која се најдобри пријателки и си помагаат секогаш кога е потребно.
Двете пејачки живеат во близина една со друга, па слободното време го користат да уживаат во убавините на Австралија.
Пред извесно време зедно и отпатуваа на бања.
Новата година е овде, па по тој повод Маријана реши да напише и честиткa која ја упати до целата публика.
„Како овие птици а елката посакувам слобода на љубовта, асмевката, мислета, другарувањата.
Ја испраќам оваа мачна година, година на премрежја, тага и солзи со надеж кон сите и за сите дека Новата 2022 ќе и донесе многу повеќе убавини, ќе не спои сите заедно како ногаш, ќе го сочува пријателството, ќе подари силни и искрени прегратки…
Чувајте и одржувајте ја љубовта кон сите, негувјте го пријателството, славете и веселете се со насмевка.
Денес сме здрави, живи сме, утре којзнае кај ќе сме.
СРЕЌНА НОВА до сите мили души“, напиша Маријана во опис на фотографијата со најсаканите пријатели.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска