Исаура имаше причина за славење – еве што им порачаа на пријателите шарманната актерка откако тие и го разубавија денот!
Последниве неколку недели повторно се топ тема во земјава, а сега еден од главните ликови на Преспав имаше убав повод за славење.
На големо задоволство на сите се сними и шестата сезона од популарната хумористична серија „Преспав“ која имаме можност да ја гледаме секој работен ден на МРТ1
Згодите и незгодите на преспанци умеат да ги насмеат сите, но тука е и романсата помеѓу Талат и Исаура која умее да ја разнежни публиката.
Токму Емра Куртишова или позната како Исаура славеше роденден и наполни 36 години, а роденденот освен што и го честитаа мнoгу пријатели и колеги, и честиташе и продукцијата на „Преспав“.
„Среќен роденден наша Емра! Да си жива и здрава! Што би рекол Талат: Многу си убава, млада си, скоро како нова …!“
Емра на својот Инстаграм профил и самата себе си, си посака среќен роденден, па напиша:
„Убаво е кога ти честитаат роденден, а уште поубаво е кога сам ќе си посакаш здравје и мир во душата. Нека следната година ми биде една од подобрите, на мене и сите околу мене.
Улогата во „Преспав“ на актерката Емра Куртишова (34) и донесе популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје, добро позната е кај помладата публика.
Во оваа сезона Исаура ужива да прави сплетки и да се кара со Јелена, но и покрај тоа тие двете заедно со Талат го снимија новогодишниот хит „Ајде дур сме млади“.
Двете актерки во придружба со Талат пеат и танцуваат, а новогодишната програма ја најавија за најлудата ноќ. 31.12 во 21 часот на МРТ1.
Инаку серијалот три години по ред доби и „Златна Бубамара на популарноста“ и е прогласена за една од најгледаните во Македонија!