Игор Џамбазов и Илина Арсова во ново урнебесно издание- кога се заедно никогаш не им е здодевно, а богами, ни на нивните фанови!
Парот кој за кратко време стана еден од најомилените во земјата знае како да се забавува.
Во последно време често е активен на социјалните мрежи, па знае да покаже и како го минува времето со својата сакана.
Популарниот шоумен, водител,писател, актер и музичар Игор Џамбазов и неговата сакана Илина Арсова уште на почетокот на нивната врска станаа вистински миленици на македонската јавност.
Двајцата се речиси неразделни , па често знаат да покажат како го минуваат времето заедно.
Едно е секако сигурно, дека на Илина и Игор никогаш не им е здодевно.
Викендов тие двајцата решија да го поминат дома во опуштено издамие, па ставија и маска на лицето и заедно позираа.
Игор ја објави фотографијата на својот инстаграм профил, па напиша: „Племето Агуагу…“.
На неговите фанови им се допадна оваа објава, па следеа еден куп лајкови и коментари.
„Брат вие сте?“ го прашаа фановите, а Игор во негов стил одговори: „Не бе, Владо Јаневски и Цветанка Ласкова“.
Нема сомнеж дека Илина и Игор знаат да се забавуваат и никогаш не им е здодевно кога се заедно.
Џамбазов и Илина се поприлично активни на социјалните мрежи и речиси секојдневно објавуваат фотографии.
И додека Илина на својот профил на Инстаграм најчесто објавува фотографии од своите тренинзи или освојувања на највисоките планини, Џамбазов многу често знае да се пошегува и да ги изненади своите фанови.
Неодамна тој објави и друга слична фотографија со која ги насмеа фановите.
Имено, тoј сподели фотографија на која е заедно со Илина, а во центарот на вниманието е неговата „флизура“.
„Флизури“ напиша тој во коментарот под урнебесната фотографија со која ги „сруши“ социјалните мрежи.
Ова негово необично издание веднаш предизвика голем број коментари, а меѓу нив и на многу наши познати фаци.
„Оф мори мајко, што прави љубовта, Исти ко јајца, Близнаци, Флизурите ви се одлични, како Емче да ве лижела“, беа само некои од коментарите што корисниците на социјалните мрежи ги напишаа под ова урнебесно издание на еден од најомилените и најпознатите парови во Македонија.