Три генерации убавина – најпознатата и најубавата пејачка во Македонија имаше убав повод за славење
Девојката која со години е на македонската музичка сцена имаше посебен повод за славење.
Македонска поп-пејачка, родена во Битола, која 2 пати ја претставуваше Македонија на изборот за песна на Евровизија објави досега невидени фотографии.
Убавата и шармантна Каролина Гочева го честиташе роденденот на нејзината мајка Светлана и сподели неколку фотографии од нејзината венчавка, па покажа и дека убавината во нивното семејство е наследна.
На првата фотографија, македонска пејачка позира со нејзината мајка, сестра и Александра и двете мали внуки Луција и Инес, додека на втората се прегрнува со, како што напиша и самата таа, најважната жена во нејзиниот живот.
„Среќен роденден на најважната жена во нашиот живот! Те сакаме најмногу мамо! Секогаш да си ни насмеана како на сликава“ – напиша Каролина во описот.
Честитки пристигнуваа од сите страни, а не изостанаа и комплименти.
Во ова семејство повеќе од очигледно е дека генетиката си го направила своето, па сите дами изгледаат од убави поубави!
Каролина Гочева ужива во љубовта со својот сопруг, познатиот македонски сликар Михаил Корубин, што можеме да го заклучиме и од нивните заеднички фотографии што одвреме-навреме ќе ги објават на социјалните мрежи.
Познатиот пар деталите од својот приватен живот ги држи далеку од очите на јавноста, но затоа од нивните профили, кои и двајцата ги имаат и заради професијата со којашто се занимаваат, понекогаш можеме да ѕирнеме и како изгледа дел од нивното секојдневие. Посебно кога се на некое патување, на некоја егзотична дестинација.
Она што се знае е дека семејството Гочеви во Битола се познати медицинари, а Александра за разлика од Каролина работи како анестезиолог во битолската клиника.