Македонската црна Барбика се врати од Швајцарија и се пофали со НЕВЕРОЈАТНА промена на имиџот – еве како изгледа сега!
Македонската фолк пејачка го промени имиџот.
Од моментот кога се појави, па се досега таа направи доста промени, а посебно кога се работи за нејзината коса.
Се испроба како црнокоса, русокоса, бринета, а сега на ред дојде и црвенокоса.
Сања Цинцева или во јавноста позната како Сања Барби е една од ретките која може да се пофали и со стас и со глас.
По настапот во Швајцарија каде за кратко време Сања собра бакшиш од неколку илјада евра се врати во Македонија, па реши дека е време за промена и косата ја обои црвена.
На својот инстаграм профил сподели неколку видеа и фотографии, а на нејзините фанови им се допадна новата промена.
На социјалните мрежи редовно се појавуваат видеа на кои јасно се гледа како пејачите добиваат бакшиш, но навистина ретко можеме да видиме кога тие буквално се затрупани со пари што одвај можат да ги задржат во рацете. На новото видео со згодната струмичанка, таа за помалку од 15 секунди добива минимум илјада евра, ако не и повеќе.
Таа во последно време е сè повеќе барана надвор отколку дома, а најчесто настапува во европските земји (Германија, Австрија, Швајцарија), по клубови и локали каде доаѓаат да се забавуваат иселеници од целиот регион.
Бyјните обл ини и витката става ја прават комплетната целосната слика на една пејачка од светки ранг.