Синот на Брена ја откачи колешката на својата мајка и се врати кај ПОРАНЕШНАТА?! Ќе има ли свадба наскоро?
Виктор се наоѓа на Копаоник, а таму е и неговата поранешна
Шпекулациите дека Виктор Живојиновиќ, синот на популарната пејачка Лепа Брена е во врска со Лена Чолак, колешка на неговата мајка, не „држат вода“.
Имено, и покрај тоа што Лена беше единствената гостинка кај него на слава, додека неговите родители беа отсутни, очигледно дека нивната дружба беше со „краток рок“ и дека Воктор и се вратил на својата поранешна.
Како што мое да се види по Инстаграм, синот на Брена последните неколку дена ги минува на Копаоник.
Гласините дека повторно е со Сандра ги поттикна тоа што во исто време и Сандра објави на Инстаграм дека е таму.
За сега никој од нив двајцата се нема огласено дали навистина се смириле, но многумина не веруваат во случајности.
Како што објавија медиумите, најверојатно не е случајно што и двајцата се нашле во исто време, на исто место.
Инаку, тие беа во врска две години, а преку летото се појавија првите информации дека се разделиле.
Сандра во една пригода ги демантираше овие гласини, но од тогаш тие ниту еднаш досега не беа видени заедно.
„Ме насмеавте со овие измислици. Луѓе, не јавувајте ми се, се е во најдобар ред, секако дека не сме раскинале“, напиша тогаш Сандра, иако од тогаш и двајцата немаат објавено ниту една заедничка фотографија на Инстаграм.
Само да потсетиме, Виктор и Сандра планираа да направат свадба уште при крај на минатата година, но заради опакиот вирус корона решија да ја одложат и да причекаат ситуацијата да се подобри. Тогаш Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се согласија со нивната одлука.
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ