Елена и Цеце ги шокираа фановите – исплива стара фотографија, ВОДИТЕЛКИТЕ не сте ги виделе во вакво издание
Навидум мирните и повлечени водителки, всушност умеат да бидат многу опасни.
Елена Стојановска и Цеце Тодосовска се долги години на македонската ТВ сцена.
Двете во моментов се едни од најдобрите и најпопуларните водителки во земјава.
Публиката обожава да чита и дознава нешто повеќе за нивниот приватен живот.
Двете се доста успешни во тоа што го работат, двете се водителки на утрински емисии, но на различни фрекфенции.
Нивното познанство започнало додека биле дел од иста телевизиска куќа уште додека биле релативно млади.
Едни се од ретките кои се трудат да го негуваат литературниот изговор на македонскиот јазик.
Професионални, одмерени, оставаат впечаток дека со леснотија ја извршуваст својата должност и дека навистина се вљубени во својата професија.
Приватно, двете се грижливи мајки и сопруги.
Цеце од 2018 година е во брак со нејзи иот сопруг Стојанче, со кој направија свадбена веселба за паметење.
Оваа година им се случи најубавото нешто што еден пар може да го доживее. Таа и нејзиниот сопруг станаа родители на своето прво дете, синот Бодан.
Водителката воопшто не ја крие среќата и јавно истакнува дека ужива во новата животна улога. Често споделува фотографии од своето синче и авантурите низ кои поминуваат.
Елена пак, е 8 години во брак со својот сопруг Огнен.
Дека и по толку години жарот на нивната љубов е со истиот интензитет, покажуваат пофалбите на Елена упатени на сметка на сопругот.
Круна на нивната љубов е ќерката Илина која е центар на нивното внимание.
Мора да се признае дека и двете водителки изгчедаат беспрекорно.
За нив времето како да запрело иизгледаат исто како на почетокот на кариерата.
Двете може да се пофалат со витка става на која многу девојки би позавиделе.
Тоа секако се должи на вежбањето и здравата исхрана.
Елена на својот Инстаграм профил сподели нивна стара заедничка фотографија со која изненади многумина.
Никој не ни знаеше дека овие водителки умеат добро да се одбранат доколку се најдат во опасност, благодарение на тренирањето бокс.
Природни, без грам шминка и млади, водителките изгледаат одлично, а мора да се признае дека воопштосе немаат променетоод тогаш до сега.
„Ми излезе во спомени. Цеце Тодосовска и јас бевме спаринг партнерки во бокс во далечната 2014“, стои во опис на фотографијата.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска
ФОТО: Инстаграм / Цеце Тодосовска