Еве каква свекрва е Блага Петреска – со снаата е во одличен однос, ќе се изненадите кога ќе видите каква убавица е во прашање
Пејачката Блага Петреска отсекогаш во своите деца го гледала центарот на светот, а најсреќна е кога е со своите внуки.
Нејзината ќерка Оља веќе долги години живее во странство, а синот Олег е оженет со виолинистката Ана Кондратенко.
Блага не крие дека е горда на изборот на својот син и дека со снаата е во одличен однос.
Тоа впрочем може да се забележи и од социјалните мрежи бидејќи Блага секогаш ги коментира и споделува најавите за концертите на својата снаа која е една од најдобрите виолинистки во Македонија.
Од друга страна и Ана е пресреќна што има една толку разбрана, паметна, убава и позната свекрва.
За разлика од Олег, ќерката на Блага, Оља, задно со својот сопруг и децата живее во Уганда, па пејачката многу поретко се гледа со нив.
Но за среќа, како што вели Блага, денес постојат модерни технологии и тие редовно комуницираат.
Инаку, снаата на Блага е солист, камерен музичар и концерт-мајстор на Македонската филхармонија. Критичарите за неа велат дека е „виолинистка со фуриозен штрих“ која создава „музика како од оној свет“. Иако е родена во еден од најстудените градови во Русија, Новосибирск, таа зрачи со својата харизма зрачи со топлина и може и најстудениот слушател во публика да го стопи. Своето музичко образование го започнува во Русија, а потоа продолжува во Келн каде дипломира во 2004 година.
Токму за време на студиите во Келн ќе и биде среќата да го запознае и нашиот виолинист Олег Кондратенко, кој ќе го донесе најмладиот концерт мајстор во историјата на Македонската филхармонија.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Блага Петреска
Фото: Фејсбук/ Блага Петреска
Фото: Фејсбук/ Блага Петреска
Фото: Фејсбук/ Блага Петреска
Фото: Фејсбук/ Блага Петреска
Фото: Фејсбук/ Блага Петреска
Фото: Принтскрин/ Екран
Фото: Фејсбук/ Блага Петреска
Фото: Фејсбук/ Блага Петреска