Еве како изгледала Илина порано – не сте ја виделе во вакво издание, ќе се ИЗНЕНАДИТЕ
Успешната алпинистка објави ретро фотографија и покажа како изгледала пред 10 години.
Илина Арсова е единствената Македонка која успеала да се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест кој се наоѓа на надморска височина од 8.848 метри.
Таа има искачено многу врвови, но сепак не престанува да реди успеси.
Освен планинарење таа привлекува внимание со ликовната уметност и изложбите, а неодамна издаде и книга.
Илина е успешна во секое поле, а нејзиниот сакан Игор Џамбазов гордо го споделува секој нејзин успех на социјалните мрежи.
Тој соопшти дека таа е новиот амбасадор на Македонското еколошко друштво.
„Мојата амбасадорка“ гордо напиша Игор и додаде неколку срциња.
Илина пак за своите успеси е секогаш малку поскромна, но затоа пак покажа како изгледала пред 10 години.
– На пат кон Патагонија, по искачувањето на Аконкагва 2011.
Пишувањето историја не е лесен процес. Да се биде прв и оригинален во нешто, значи да се биде различен. А кај нас различен, честопати се перцепира како „чуден“.
Прво ќе те гледаат со недоверба. Потоа ќе ти ја украдат идејата и ќе ја промовираат како своја. За на крајот можеби и да те поканат за соработка на истата.
Но како и да е. Битно е дека промената за која сте се залагале е направена.
Останатото се факти, напиша Илина.
Малку подолга и за нијанса потемна коса Илина изгледа неодоливо!
Секако следеа низа коментари и лајкови кои секако се согласија со неа и ја пофалија дека од ден на ден изгледа се поубаво и по позитивно.
Инаку таа неодамна се врати од Еквадор каде совлада уште неколку врвови.
„Ова искуство беше огромно во однос на психолошката издржливост и надминување на стравот“ напиша тогаш Илина.