НОВОГОДИШНА БАЈКА: Цаки Кисми покажа како го накитил домот – фановите воодушевени
Македонскиот пејач ја покажа Нововогодишната магија во неговиот дом и ги воодушеви сите.
Сашо Нојкиќ или Цаки Кисми како што е познат во јавноста, долги години е дел од македонската музичка сцена, а заслужено го носи и прекарот кралот на кафеаните.
Еден е од ретките кој може да се пофали со долгогодишна, но и успешна кариера, исполнета со безвременски хитови кои се пеат на секоја забава.
Кога тој негде настапува, се знае дека ќе има неверојатна атмосфера и сите ќе бидат на нозе.
Цаки и неговата група Кисми освен во Македонија, редовно настапуваат во дијаспората.
На секој нивен настап има неверојатно добра атмосфера, а публиката е полна со позитивни импресии.
За некои луѓе минатата година беше тешка и тажна, но во семејството Нојкиќ донесе среќа.
Цаки и неговата сопруга Пале си добија зет.
Како што пејачот сподели на Фејсбук, неговата ќерка Милена се омажи.
Гордиот татко објави фотографии и регистрацијата и јавно им честиташе на младите.
„Си се потпишаа, со среќа нека им е. И на ќерка ми новото презиме”, напиша Цаки на Фејсбук.
Цаки и Пале се долги години во брак, а плод на нивната љубов се нивните две деца, син и ќерка.
Често на социјалните мрежи објавуваат фотографии од семејните дружби.
Освен што е успешен во својата работа, Цаки секогаш одвојува време за уживање со најдрагите.
Семејството и домот му се на прво место.
Со оглед на тоа што ни следуваат најубавите празници во годината, некако веќе во сечиј дом почна да владее новогодишна атмосфера.
И во семејството Нојкиќ дојде време да се накити.
Прекрасна голема елка, сијалички во разни бои, навистина сѐ изгледа како во бајка.
Цаки и самиот се пофали на Фејсбук.
„Јас накитив, а ти?”, стои воопис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми