Погледнете како изгледа семејниот дом на нашата позната пејачка – НОВОГОДИШНА БАЈКА според меракот на Хана и Дарен
Новогодишната магија полека, но сигурно почна да се чувствува насекаде.
Накитени елки со разнобојни лампиони, шарени сијалички декорации и по некое пакетче.
Годинава Дедо Мраз пристигна порано во домот на познатата пејачка Тамара Тодевска која заедно со своите деца Хана и Дарен им се израдува на слатките задоволства.
Едно непишано правило вели дека човек никогаш не е престар за новогодишно пакетче, па покрај тоа што пакњтчињта беа за Дарен и Хана, и се израдува и Тамара и јавно се заблагодари.
-Нашиот Дедо Мраз дојде порано оваа година и ни донесе мнооооогу слатки изненадувања, напиша таа.
Нејзините најмали облечен во новогодишни пижами, а мама Тамара со дискретна шминка и совршена фризура позираа насмеани пред нивната елка, а не изостана и нивното милениче.
Вистинска волшебна атмосфера исполнета со насмевки!
Тамара во последно време изгледа сè поубаво и ако земеме предвид дека на неа е сè 100% природно можеме слободно да кажеме дека нема конкуренција.
Покрај честите настапи и кариерата, Тамара знае секогаш да направи место за своите деца и да покаже дека и се најважни.
Пред само неколку дена таа го отвори новогодишниот базар пред „Сити мол“ а пејачката блескаше во буквална смисла на зборот.
Освен што одлично изгледа, таа избра и празнична комбинација, односно сребрено палто и кратко здолниште во иста светкава нијанса.
Сепак она што многумина воодушеви беше моментот кога Тамара ги качи своите деца Дарен и Хана на бината, а тие очигледно уживаа додека мама Тамара пееше.