Која е Македонката за чии експлицитни сцени во серијата „Беса“ зборува ЦЕЛИОТ БАЛКАН – и нејзината баба е позната актерка!
Жeшкитe сцени на македонската актерка Камка Тоциновски и српскиот пејач Реља Поповиќ во новата сезона од култната серија „Беса“ се главна тема во регионот.
Познатиот српски пејач по подолга пауза се врати на малите екрани во улога на телохранителот Лука Јовановиќ. Инаку, Реља е сопруг на пејачката Николија Јовановиќ, ќерката на Весна Змијанац, со која има ќерка.
Што се однесува до неговата колешка од филмот, Камка Тоциновски, таа е родена на 27 јуни 1979 година.
Тоциновски дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсек за актерска игра во 2000 година, а од 2013 работи во Македонски народен театар – Скопје.
Досега се има појавено во бројни филмови и театарски претстави, а глуми и во новиот филм на Милчо Манчевски, Кајмак.
Добитник е на наградите „Трајко Чоревски” и „Војдан Чернодрински” за најдобра актерка на фестивалот Војдан Чернодрински како и наградата „Вељко Маричич” на интернационалниот фестивал во Риека, Хрватска.
Во 2013 година станува член при драмата на Македонскиот народен театар.
Во потесниот круг на фамилијата на Камка Тоциновски има значајни имиња од филмската уметност, од НОБ како и од Илинденското востание. Нејзината тетка Марија Тоциновски ѝ е позната на јавноста по филмовите на Жика Митровиќ – „Мис Стон”, „Капетан Леши“ и „Сигнали над градот “.
Нејзината баба е спомената во книгата „Жените на Македонија во НОВ”, а дедо нејзиниот дедо, Милан Тоцинов, е носител на илинденска споменица.
Фото: Фејсбук/ Камка Тоциновски
Фото: Фејсбук/ Камка Тоциновски
Бонус галерија
Беса
Втора сезона
Фото: Промо/ Беса
Фото: Промо/ Беса
Фото: Промо/ Беса
Фото: Промо/ Беса
Фото: Промо/ Беса
Фото: Промо/ Беса
Фото: Промо/ Беса
Фото: Промо/ Беса
Фото: Промо/ Беса