По подолго време се појави во јавоста- еве како денес изгледа Вилма ТРАЈКОВСКА, поранешната прва дама на Македонија!
Иако поминаа речиси 17 години нема човек кој не го памети.
Беше претседател достоен за почит, а неговата сопруга пример за вистинска дама.
Борис Трајковски важеше за еден од најомилените политичари, но за жал за-гина во 2004 година во хеликоптерска несреќа во Мостар, а оттогаш неговото семејство се повлече далеку од очите на јавноста и многу ретко се појавува во медиумите.
Неговата сопруга Вилма Трајковска отсекогаш изгледала како вистинска дама која зрачи со елеганција.
Таа е основач на меѓународната фондација „Борис Трајковски“, како и основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во 2001-та година со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството.
Вилма исто така е основач на меѓународната фондација „Борис Трајковски“, па освен на годишниците од см-ртта на Борис таа се појавува во јавноста поради настаните кои се организираат по повод доделување на стипендии и признанија.
Така беше и овојпат по подолго време, Трајковска се појави во јавност, на доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски“.
Вилма се појави во претседателската вила на Водно носејќи бордо фустан кој го искомбинира со црно палто и црни чевли.
Во друштво на претседателот Стево Пендаровски ги вратчи договорите за стипендија на стипендистите.
Инаку Борис важеше за посветен сопруг и татко на Сара и Стефан.
Во интервју за „Нова Македонија“ Вилма зборуваше за последните денови од животот на својот сопруг.
-Неколкупати забележав дека гледа во една точка и ништо не зборува, чиниш не слуша. На лицето му се гледаше загриженост, иако се трудеше тоа да го скрие од нас-рече тогаш таа.
Вилма откри и дека Борис ја искористил шансата додека бил во Струмица на карневалот да го посети и неговиот татко и да го прегрне за последен пат.
„По завршувањето на карневалот, Борис со преостанатите гости заминал на прием во хотелот „Сириус“. По извесно време, одеднаш станал и рекол дека ќе оди дома, да го види татко си.
Луѓето од обезбедувањето биле збунети; било доцна. Набрзо стигнале дома; Борис го разбудил татко си и му рекол: „Тате, дојдов само да те видам“. Потоа малку поразговарале, го гушнал и си заминал. Бог знае зошто токму таа ноќ почувствувал потреба да го види“ откри тогаш Вилма.