Реклама
Наши ѕвезди

По гласините дека се разведуваат заради Марија Шерифовиќ, се огласи и популарниот пејач и реши да ја открие вистината

Реклама

Не сакаше да ја вовлекува својата колешка во нивниот развод

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Пејачот Александар Цветковиќ попознат како Сале Тропико по 10 години брак се разведува од пејачката Јована Пајиќ.

Тие решија да стават точка на нивниот однос, а по информациите за разводот се појавија и шпекулации дека една од причините за крахот во нивниот брак е пријателството на Јована со Марија Шерифовиќ.

Маркетинг

Сале затоа реши да се огласи и да стави крај на целата приказна.

Пејачот ги замоли медиумите да не се занимаваат со шпекулации и да не ја вовлекуваат Марија Шерифовиќ или било која друга личност во целата приказна, бидејќи, како што вели самиот, нема место за пласирање дезинформации и сензационалистички пристап.

Фото: Инстаграм/ Сале Тропико

Тој во своето обраќање повтори дека става точна на секое понатамошно коментирање на апсолутно неточни информации и им се заблагодари на сите за разбирањето.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Инаку, само неколку дена претходно, познатиот пар се огласи во врска со нивниот развод.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

„Вистина е дека Саша и јас донесовме одлука да завршиме со нашиот брак. Ќе останеме пријатели и ќе бидеме, како и досега, посветени на нашите деца. Разводот е во тек и заради мирно растење на нашите девојчиња ги молиме медиумите, да ни ја пружат неопходната приватност“, се огласи права Јована со изјава за српскиот „Блиц“.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

По неа слична изјава даде и Сале:

„Како што изјави и Јована, точно е дека нема место за никаков сензационалистички пристап бидејќи целата приказна и одлука е само наша како што беше и нашиот брак од самиот почеток. Во склад со тоа како и заради мирот и нормалното растење на нашите деца, во кое подеднакво ќе учествуваме и во иднина, ова ќе биде мојата единствена изјава на оваа тема. Ви се заблагодарувам на разбирањето“, изјави сега веќе поранешниот сопруг на Јована.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Потсетуваме, Јована и Сале се заколнаа на вечна љубов во 2011 година, а нивната свадба беше прикажана и во една емисија.

А како што пренесуваат медиумите овие денови, Јована уште пред месец дена заедно со децата го напуштила станот во кој живеела со Саша.

Како што наведе извор близок до познатиот пар, во последните две-три години тие многу се оддалечиле еден од друг. Наводно нивната љубов изгаснала и веќе долго време не биле пар како на почетокот на нивната врска.

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Фото: Инстаграм/ Јована Пајиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button