Сашко Коцев со солзи на очите се прости од Славиша Кајевски – ЕМОЦИИТЕ беа преголеми, ова никого не остави рамнодушен!
Тaжeн ден за сите
Веста за ненадејната cмpт на младиот актер Славиша Kајевски ги потpecе сите.
Познатиот актер Славиша Kајевски тpaгично го загyби својот живот на 39 годишна возраст, а вчера во МНТ беше одржана комеморација за него.
Тој беше еден од нашите најпознати актери, а на театарската сцена ќе остане запаметен по бројни театарски улоги. Речиси и да немаше добра претстава без тој да се појави и да одглуми некој од ликовите, а го гледавме и во најпознатите македонски филмови „Превртено“, „Хомо“, „Бал-кан-кан“, „Караула“, „Скопје ремикс“ и многу други
Бројни негови пријатели и колеги се збогуваа од него на социјалните мрежи, а на комeмopацијата актерите со насолзени очи се збогуваа од него.
„Замислував како ќе остариме заедно и ќе расправаме за истите работи“
Еден од нив е и актерот Сашко Коцев, кој беше пријател со Кајевски и кој во негова чест на комеморацијата изјави:
„Грд сон. Кога излегував на сцена, ги видов двете маски, насмеаната и тажната. Славиша ги имаше двете маски и тажното и смешното“.
„Се запознавме во 2001 година на Факултетот за драмски уметности, седнат на една скала и веднаш знаев дека таа специфичност, изразот на лицето, на очите, веднаш знаев дека тој човек ќе биде дел од театарскиот живот. Потоа патот го трасиравме заедно, влеговме како славната тројка: Славиша, Гораст и Сашко. Убавиот, грдиот и грдиот. Меѓу себе се нарекувавме Света Тројца“.
„Нашата гардероба број 5, ја нарекувавме Света Петка“, изјави со солзи на очите Коцев пред присутните“.
„Кон никого не се штедеше, ги фалеше, за никого не штедеше зборови. Ќе ни фали многу“.
„Го гледам животот пред мене и замислував како ќе остариме заедно, ќе седиме тројца задрти старци и уште ќе се расправаме за истите работи. Театарот загуби еден многу голем рефлектор, кој светеше силно, светеше непрекинато. Светеше зад сцена, светеше за сите синдикални прашања.
Многу храбар, многу силен во својата светлина, толку избувлив, а толку кроток и ранлив. Многу го сакаше театарот. За никого ништо не премолче, но за себе премолче многу работи“.
„Славиша, овие даски тука до влезот на сцена, уште многу ќе крцкаат и ќе мирисаат на твоите цигари. ‘Брат уште два дима и јас сум на ред’. Не се штедеше никогаш“.
„На овие настани обично се зборува колку си бил близок со некого. Но, мислам дека треба и да се каже колку не си бил близок и колку си можел да помогнеш“, рече Коцев на комеморацијата.
Многубројните пораки и изјави од колегите и пријателите по тажната вест за заминувањето на младиот македонски актер, само потврдуваат колку беше омилен и колку се ценеше неговиот талент и актерски достигнувања. Тој ќе им недостасува на сите, а некои од најемотивните пораки на неговите колеги што деновиве ги преплавија социјалните мрежи, прочитајте во продолжение.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин