Еве зошто оваа русокоса жена е една од најдобро облечените дами во МАКЕДОНИЈА – холивудски шмек во центарот на Скопје
Не знаеме дали е подобар капутот или фустанот…
Нашата позната водителка секогаш има комбинација за секоја пригода, и секогаш успева да остави одличен впечаток.
Водителката Елена Стефановска секогаш изгледа максимално женствено и елегантно, и дефинитивно важи за една од најстилизираните дами во Македонија.
Таа на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од своите прекрасни модни комбинации кои на многу жени им се инспирација, а така беше и овој пат кога се прошета во прекрасен капут и фустан во бургунди боја.
Префинетата водителка уше еднаш покажа зошто ја има титулата за една од најдобро облечените водителки.
Стефановска овој пат носеше капут во тренди бургунди нијанса каков што повеќето жени би сакале да го видат во своите плакари, како и преубавиот фустан во иста нијанса со кој никого не остави рамнодушен.
Шармантната водителка целото издание го зачини со елегантни високи потпетици и мала чантичка во нежна розова нијанса, но и со ракавици и шешир кои беа во истата боја со капутот и фустанот.
Инаку, „бургунди“ бојата е една од најпопуларните во изминативе неколку сезони, а името потекнува од еден познат вид црвено вино. Во прашање е популарна нијанса која изгледа добро со скоро сите бои, што значи дека модните комбинации и додатоци во боја на вино можете лесно да ги комбинирате со остатокот од вашата облека.
Можете да носите бургунди комбинација од глава до пети како што тоа го направи Елена, или да комбинирате со кралска сина, камел, тегет, крем…
Можете да изберете џемпер во боја на вино или кожен шорц и здолниште. Фустаните во оваа прекрасна есенска боја исто така се одличен збор за оваа сезона.
Можете да ги носите и со капут или долг, плетен елек во неутрална нијанса и да добиете одлична есенска комбинација за работа, но и за незадолжителна прошетка и кафенце со пријателките во градот.
https://www.instagram.com/p/CEzOc4QDGEK/
Во прашање е топла и ефективна боја која е совршена за „мрачните“ и студените денови што се пред нас.
https://www.instagram.com/p/B9Kl0rKBiFG/
https://www.instagram.com/p/B9NL3Dip0Pr/
Но доколку се уште сметате дека оваа нијанса е претемна за вас, тогаш слободно експериментирајте со црвената. Оваа посветла варијанта ќе ја нагласи вашата светла страка и ќе направи да се чувствувате женствено и моќно, но истовремено и да бидете во центарот на вниманието.
Не препорачуваме црвено од глава до пети, но нема да згрешите ако изберете црвен капут или блејзер. Од друга страна познаваме многу жени што одат на работа во црвени панталони, или во своите фенси бургудни варијанти, а доколку ви е потребна инспирација како да го направите тоа, разгледајте ја галеријата во продолжение.
https://www.instagram.com/p/B8uBy3bFxP5/
https://www.instagram.com/p/Bs-wHwlnuWo/