Новиот имиџ на нашата позната пејачка е вистинско лудило – еве зошто македонската Пинк ѕвездичка важи за женска и пол!
Младата пејачка не престанува да ги воодушевува своите бројни обожаватели на социјалните мрежи.
Антониа Гиговска во моментот е една од нашите најпознати пејачки, а се прослави со своите учества во српските шоуа.
Овој пат шармантната пејачка на својот Инстаграм објави видео во кое пее и позира во црвени панталони, а нејзините фанови се воодушевени и од нејзината фризура.
Таа носеше тесни црвени панталони и куса блуска со која во преден план го истакна својот рамен стомак.
Гиговска целото издание го зачини со црвени високи потпетици и преубава шминка со која никого не остави рамнодушен.
Сепак, главниот збор во ова издание го имаа преубавите панталони кои на Гиговска и стојат одлично.
Во прашање е модел од материјал кој е хит веќе неколку сезони, а каков обожаваат и многу познати дами.
Кројот што го носи Гиговска е со широки ногавици и висок струк кои се совршен избор за сите форми на тело, а како популарната пејачка изгледаше во нив, погледнете од галеријата што следува во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска