Реклама
Наши ѕвезди

Преслатко синооко момче – можете ли да погодите за кој фолк-пејач од Македонија станува збор?

Реклама

Исплива фотографија од детството на познат македонски пејач.

Македонскиот фолк-пејач Спасен Силјановски и покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.

Маркетинг

Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.

Овојпат тој објави фотографија од своето детство или поточно кога бил бебе.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски

Преслатко синооко бебе кое насмеано позира седнато на стол, па напиша „јас бебе“.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски

Веднаш следеа еден куп лајкови и коментари кои го пофалија дека отсекогаш ил насмеан и весел.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски

Инаку Спасен долги години е во брак со Ана, па во многу од неговите интервјуа истакнува дека неговото семејство е најскапоценото нешто кое го поседува.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски

Круна на нивната љубов се нивните две дечиња, кои се на возраст од 5 и 7 години.

Она што малкумина го знаат е дека Ана и Спасен се запознале на едно многу мрачно место, но сепак се родила голема љубов.

Тој откри и што било клучно за да сфати дека Ана е жената на неговиот живот.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски

„Јас сè што е поврзано околу мојот живот е интересно, кога раскажувам луѓето мислат дека се уфилмувам. Јас и мојата сопруга се имаме запознаено во Аушвиц. Во најмрачното место се роди љубов. Јас бев како музичар во Полска во концентрациониот логор, а мојата сопруга како турист. Се запознавме, во тој период кога се вратив имав несреќен случај, мојата сопруга тогаш не ми беше сопруга, ми беше девојка доаѓаше скоро секој ден кај мене на посета и не одеше во училиште туку се грижеше за мене како мојата девојка.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски

Се сеќавам на еден муабет кој ми го кажа мојот кум, повозрасен од мене, човек со високи морални вредноста, ми рече кога ќе бараш девојка кога ќе дојде време да се жениш немој да ја гледаш надворешната убавина. Побарај девојка кога ќе дојде време кога ќе имаш потреба ќе ти свари барем еден чај да се напиеш. Тоа го видов во тие моменти и си дадов во себе ветување дека кога ќе оздравам и ќе ја напуштам болницата ќе ја запросам. До ден денес ја одржуваме љубовта. И да се врати времето повторно би го направил истото, ништо не би променил“, кажа Спасен.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјановски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button