Каква мајка, таква ќерка – Тамара ги водушеви фановите со новите фотографии од Хана, не сте ги виделе во вакво издание!
Секојдневно ги изненадува своите фанови.
Од ден на ден Тамара Тодевска изгледа поубаво, а секако тоа се должи на напорните тренинзи и правилна исхрана.
Тамара Тодевска е во топ форма, а за тоа сведочат и нејзините нови фотографии што ги објави на социјалните мрежи.
Сепак се чини дека таа има дополнителна мотивација за вежбање.
Имено Тамара заедно со својата преслатка керќичка вежбаше заедно.
Двете правеа стомачни, трчаа на лента и вежбаа на справи.
Мама Тамара е вистински пример за малата Хана, а пак Хана мотивација за Тамара да се труди повеќе.
Ваквите напорни тренинзи кај Тамара и тоа како се исплатат.
Таа неодамна позираше во „all-black“ издание, со раскопчано сако, а во преден план е нејзиното моќно деколте.
Пејачката со ова монохроматско издание ги воодушеви своите обожаватели, па следуваа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Во прашање е модерно, но истовремено и пpoвокативно модно издание со кое Тамара никого не остави рамнодушен.
Инаку, Тамара веќе со години важи за една од нашите најдобри пејачки, а во последно време освен со песни привлекува внимание и со својот изглед. Како што и многумина забележаа, таа никогаш не изгледала подобро, па сега без проблем објавува најразлични фотографии на социјалните мрежи.
Иако е мајка на две мали деца таа изгледа беспрекорно и секогаш знае да биде интересна за јавноста.
Од ден на ден покажува дека е вистински професионалец во она што го работи и дека изгледа подобро од кога било.