Шехерзад објави прва фотографија од малата Лејла – најпрво сите ги ЗАПРЕПАСТИ, а сега и ги растопи со своите објави
Еве како изгледаше Шехерзад пред и по породувањето
Бергузар Корел (39) која се прослави со улогата на Шехерзад и Халит Ергенч (51) кој го гледавме и како Сулејман Величествениот пред две недели го добија нивното трето дете – ќеркичка на која и го дадоа името Лејла.
По двајцата синови, Шехерзад конечно доби женско дете, а како што самата откри на својот профил на социјаните мрежи, овој пат породувањето траело цели 11 часа.
Таа објави неколку фотографии и во оваа прилика им се заблагодари на сите кои беа со неа во тие моменти.
Како што самата напиша, на бебето му било замотано папочната врвца околу вратот, но докторите успеале да го спасат и на крај сé се завршил во најдобар ред.
Таа во описот на фотографиите ги опиша сите компликации низ кои помина и со тоа им даде поддршка на идните мајки.
На фотографиите е и нејзиниот сопруг актерот Халит Ергенч кој цело време беше со неа додека се породуваше.
Приказната за Лејла беше единствена од прв до последен ден, го започна своето обраќање Шехерзад.
Како што самата вели, и покрај големите болки што ги имала, нешто и кажувало дека нејзиното девојче нема да може да го породи ред 10 част наутро.
Тоа и го кажала кога влегла во болницата, а пред самит крај на 40-та недела, нејзиниот доктор и кажал дека постои причина зошто девојчето се уште не дошло на овој свет, а тоа најверојатно е затоа што папочната врвца му е кратка.
И така додека минувале часовите, нејзиното тело ги завршило сите подготовки за доаѓањето на бебето, но ќерката се уште не сакала да излезе.
„По цели 11 часови поминати во болницата, Лејла се роди точно во 10 часот наутро, како што кажав, со кратка папочна врвка која и беше замотана околу вратот“, напиша популарната турска актерка на која ова и е трето породување и додаде дека секое и било различно.
По овие фотографии таа објави и една од нејзината наследничка со која ги воодушеви сите.
Таа потоа објави и како изгледа новото детско катче во нивниот дом, но и еден интересен детаљ во дневниот престој.
Имено, таа покажа дека со помош на камера следат што се случува со бебето додека тоа спие во собата.
А еве како изгледаше и претходното породување…
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел