Испливаа стари фотографии од убавата водителка Ирена Спировска и легендарната Благица Павловска од пред скоро три децении
Безвременски шарм
Откако на социјалните мрежи се појави едно видео од 1995 година, многумина беа изненадени од тоа како изгледаат популарната пејачка и водителката.
Водителката Ирена Спировска позната е по својата густа црна виткана коса и елегантниот стил што го следи.
Но малкумина се сеќаваат како таа изгледала на почетокот од својата кариера, кога започнала да работи како водителка.
Имено, таа уште од средношколските денови започнува да работи во македонската телевизија, а својот прв хонорар ќе го добие како манекенка. Таа во 1993 година ќе биде избрана за Зимска убавица на Македонија, а неодамна исплива едно старо видео, на кое што таа е водителка, од 1995 година.
Годините минуваат, модата се менува, комбинациите, фризурите, форматите на емисиите што ги водат, но водителката која што својата кариера ја започна уште во своите тинејџерски денови има оставено свој печат.
Таа покрај тоа што важи за една од најпознатите телевизиски лица кај нас, може да се пофали и дека е една од оние жени за кои времето како да не постои, а најдобар доказ за тоа е видеото за кое што зборуваме.
Покрај Ирена, во видеото можеме да видиме како изгледала и Благица Павловска пред скоро три децении.
Пејачката тогаш имала долга виткана коса, а со својот провокативен изглед никого не оставала рамнодушен.
Таа тогаш имала многу поразличен стил од денешниот, но нејзината насмевка остана единствен, сигурен знак на распознавање.
Благица веќе со години важи за една од нашите најпознати и најголеми фолк пејачки. Таа покрај тоа што може да се пофали со завидна долгогодишна кариера, исто така важи и за жена за која годините се само бројка.
Таа и денес одлично се држи за свои години, а како изгледала пред речиси 30 години, кога била на врвот од својата кариера, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Даровизија, 1995 год