Познатата водителка конечно откри со кого се бакнyва пред легнување – погледнете колку само ужива додека се гaли со него
Водителката објави видео од својата оаза на мирот
Водителката Лила Филиповска важи за една од најпознатите дами на социјалните мрежи во Македонија.
Филиповска редовно објавува фотографии на својот профил на социјалните мрежи од кои можеме да видиме и детали од нејзиното секојдневие, но она што водителката вешто го крие е нејзиниот емотивен живот.
Имено, шармантната водителка веќе долги години живее без партнер, горда на својот син Филип кој порасна во прекрасно и вредно момче.
Но додека за нејзиниот живот пред камерите знаеме буквално сé, јавноста речиси ништо не знае што се случува со шармантната водителка кога ќе се изгаснат рефлекторите и кога од работа ќе се врати дома.
Таа досега нема откриено дали е заљубена или не, но тоа не значи дека нејзиниот дом не е исполнет со љубов. Впрочем тоа можеме да го видиме и од нејзиното последно видео, кога Лила покажа со кого се бакнува и гали пред спиење.
Среќникот е нејзиниот мачор кој ужива покрај нејзините нозе додека Лила нежно го гали по мешето.
Како Лила изгледа во овие моменти, но и како мачорот ужива во нејзините бакнежи погледнете во продолжение.
Инаку, „цимерот“ на Лила се вика Рагнар и Лила не крие дека го обожава. Како што самата откри во една пригода, кога го нашла, тој бил сиот мокар, со две скршени нозе и прегладнет, па решила да го вдоми.
Сега тој е чувар на нејзиниот дворец, а на Лила и е најубаво кога се сами и кога може да го гушка цел ден.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска