Живее во луксуз, а порано немаше ни за леб – сопругата на Поповиќ ја шокиpaше публиката со својата тeшка животна приказна
Познатата пејачка денес живее на висока нога, но малкумина знаат дека пред да се омажи живеела многу тешко.
Пејачката Сузана Јовановиќ пред да се омажи со Саша Поповиќ имала големи финансиски проблеми. Како што вели пејачката, тогаш ја немала таа среќа да спие мирно како денес, бидејќи нејзиниот сопруг се грижи за финансиите, туку имало денови кога фрижидерот бил празен, немала што да јаде.
Постоеше еден сплав ‘Пирана’. Ќе пеам таму за 50 марки, но утре ќе имам да си купам леб, млеко и нешто најосновно. Ќе имам да направам некоја чорба и некој мал, лесен ручек, бидејќи во тоа време живеев во гарсоњера. Морате да бидете психички силни и да го прифатите животот во тој момент каков што е. Тешко е, но пости начин да си ги олеснете таквите маки. Секако, кога ќе тргне работата, тезгите, кога луѓето почнаа да ме викаат, беше и подобро“ раскажа Сузана неодамна во емисијата „Прес претрес“.
Инаку, нејзиниот сопруг откако го продаде својот дел во Гранд почна да вложува во различни бизниси, па со својата сопруга започна неколку дејности, со кои на нивните деца ќе им обезбедат подобра иднина.
А како што пишуваат медиумите, Поповиќ свесен за времето во кое што живееме, неодамна направил и тестамент.
Неговите одлуки најмногу се однесуваат на неговата сопруга на која сега животот ќе и се промени од корен.
Наводно Саша се консултирал со своите адвокати и решил сé што поседува да и остави на сопругата. Таа од него е помлада петнаесет години и во неа има најмногу доверба, па сигурен е дека неговата сопруга најдобро ќе се снајде со сиот имот што го поседуваат, пишуваат српските медиуми.
Тој има доверба и во својата ќерка, како и во синот на Сузана што го одгледа како свое дете, но сепак реши сé да и остави на Сузана, за која верува дека ако случајно нешто му се случи, најдобро ќе расплата со наследството.
Сузана откако тестаментот ќе биде и официјално составен ќе биде побогата за неколку милиони, а бидејќи е во складен брак со сопругот, таа воопшто не се грижи за финансиите, туку своето внимание го посветува на Саша и нивните деца и се грижи сите заедно да уживаат во секој нов ден.
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ