Откако се преполови никој не може да остане рамнодушен на овие фотографии – Тамара изгледа подобро од Цеца и Карлеуша
Тамара во последно време изгледа сé поубаво и ако земеме во предвид дека на неа е се 100 % природно можеме слободно да кажеме дека нема конкуренција.
Тамара Тодевска која важи за една од најдобрите пејачки во Македонија ги изненади своите фанови со најновите фотографии.
Се повеќе е активна на социјалните мрежи, а сега со брутално сekси фотографии ги почести своите фанови.
Викендов таа го искористи за излегување, а се среди од глава до петици, па го покажа и бујното деколте.
Тесни црни панталони и црно раскопчано сако, а под него само црн градник, а целиот изглед го заокружи со црни потпетици и очила.
„Болката ги обликува жените во воини“ – напиша Тамара под објавата, а коментари и лајкови само се редеа.
Она што дојде до израз е колку Тамара ослабе и успеа своето тело да го доведе со совршенство во последните неколку месеци.
Таа често објавува фотографии и видеа од теретана, а се чини дека напорните тренинзи и тоа како се исплатат.
Тамара е доста активна и на музичката сцена, често има настапи, а летово одржа и два концерти.
Од ден на ден покажува дека е вистински професионалец во она што го работи и дека изгледа подобро од кога било.
Инаку Тамара е во брак со Александар Димитровски-Мачка и имаат две деца, Дарен и Хана.
Во јуни во 2015 година, Тамара и Мачка направија весела свадба на која запеаја многу од нејзините пријатели и колеги.