Еве нешто што им е заедничко на Кејт Мидлтон и првата дама на МАКЕДОНИЈА – ова посебно ќе им се допадне на жените
Нашата прва дама е скромна жена
Првата дама на Македонија важи за вистинска модна икона, но најверојатно ова е нејзиното омилено есенско парче.
Каде и да се појави таа плени со својот шарм, но секогаш знае што точно да облече за секоја прилика.
Од лежерени варијанти па се до елегантни тоалети, Елизабета Ѓорѓиевска секогаш изгледа беспрекорно.
Освен што е сопруга на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски таа работи како стоматолог, но е голем хуманитарец па може да се виси на секакви хуманитарни настани.
Деновиве таа беше во ЈЗУ Клиника за онкологија и радиотерапија и ги посети пациентите на кои освен редовна терапија им е потребна психолошка поддршка за да го поминат целиот процес.
-На онколошките пациенти покрај редовната терапија неопходна им е адаптација, навремени и ажурирани информации за текот на третманот, разбирање и прифаќање на емоциите, напиша таа и додаде:
-Особено значајна е психолошката поддршка низ целиот процес на нивното лекување.
При мојата денешна посета на ЈЗУ Клиника за онкологија и радиотерапија ги посетив онколошките пациенти кои овде примаат терапија и се запознав со работата на кабинетот за психолошка помош. Психолозите неуморно даваат се од себе да може да им го олеснат процесот на лекување на овие пациенти, напиша Елизабета.
Неколку дена подоцна, за Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, таа ги посети децата и младите од „Доза среќа“.
Она што на многумина им падна во очи дека првата дама повторно го облече беж мантилот во кој ја имаме забележано веќе неколку пати, а сличен таков има и во црна боја. Нешто што е секогаш ин и никогаш не излегува од мода.
Таа истиот мантил го носеше и на денот на гласањето, а и во неколку прилики претходно.
Нема сомнеж дека ова е едно од нејзините омилени парчиња во гардероберот, но воедно и покажа дека и покрај сè таа е скромна и не и пречи исто парче облека да носи и по неколку пати.
Се чини дека навистина го следи примерот на познатата војвотка Кејт Мидлтон која исто така често носи исти парчиња облека за разлика од многу други познати дами.
И Кејт како и нашата Елизабета е скромна дама која и после 8 години беше забележана дека носи ист фустан.