Поранешната водителка од „Бекстејџ“ ги шокиpaше своите фанови – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа со огромни cиликoнски усни
Атрактивната ТВ водителка која многумина ја паметат од емисијата „Бекстејџ“ смени професија, а сега покажа дека имала есенско освежување.
Миа Костова важи за девојка „без влакна на јазикот“ и секогаш брутално искрена, а во последно време таа стана позната инфлуенсерка која рекламира бројни брендови на својот Инстаграм профил.
Миа Костова ја започна својата водителска кариера уште додека беше многу млада, а последен телевизиски проект на кој работеше беше естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Одреден период водителството е не пауза, а Миа започна да заработува преку социјалните мрежи.
Таа често зборува за својот приватен живот и нејзиниот љубовен живот, а во една прилика призна дека е бисек-суалец.
„Да, љубев жена, тоа е вистината, претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа дали е човек, објасни тогаш Миа во интервју за „Бекстејџ“.
Миа важи за слободоумна девојка која често знае да се пошегува, а токму сега го направи истото.
На кратките Инстаграм приказни таа сподели видео на кое испроба еден од новите филери на апликацијата, па рече дека направила мало есенско освежување.
Огромни cиликонcки усни, затегнато лице и веѓи и јака шминка.
-Бев многу зафатена, бев малку да го средам лицето. Малку ботокс, сезонско освежување-рече Миа, но не издржа и прсна да се смее.
Повеќе од очигледно е дека таа се пошегува и добро се изнасмеа на таквиот изглед.
Инаку и самата Миа има неколку естетски корекции за кои отворено зборува, но ништо претерано.
„Пополнети усни, ботокс, малку јаболчници и вештачки гради“ му одговори Миа при гостување во емисија кај Стефан Лазаров.
Миа отворено зборува на секаква тема па затоа искрено одговори на кое место е нејзината најсеkси тетоважа.
– Меѓу градите – срце-вели Миа.
На прашање дали е сексот е подобар со маж или со жена не даде конкретен одговор.
-Зависи во какво расположение си, но ќе се сложиш со мене дека жена е жена, кажа Миа.