Медената хероина во најубавото издание што сме ја виделе досега – ПОГЛЕДНЕТЕ, никогаш не била олку среќна и насмеана!
Уште од првиот момент кога се појави на малите екрани ги освои срцата на целиот свет.
Таа имаше достигнување со какво малкумина од нашите краишта може да се пофалат.
Документарниот филм „Медена земја“ е вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил номиниран за наградата „Оскар“.
Сепак она што ги освои срцата на милиони ширум светот е токму медената хероина Атиџе Муратува која со својата насмевка и добрина не остави никого рамнодушен.
Атиџе откри и како научила за правилото „половина мед за пчелата – половина мед за мене“, истакнувајќи дека и на пчелата ѝ е потребен медот за да може да опстане и повторно да даде мед.
„Затоа треба половина за тебе – половина за мене … Повеќе на пчелите да им се остава. Ако нема пчели, од каде мед? На целиот свет му требаат пчели. Ако немаме пчели, ќе немаме ниту здравје“, порачува Атиџе за Агенција Анадолија.
Од моментот кога се појави, па се досега Атиџе претрпе позитивни промени.
Доби реновиран дом, најдобра другарка, но и го промени надворешниот изглед, но насмевката и добрината останаа.
Сузана Турунџиева и Атиџе се неразделни, а сега толку Сузе сподели фотографии од една роденденска забава на која присуствуваа, а Атиџе во најелегантно издание досега.
Двете дами облечени во долги елегантни фустани едноставно блескаа.
Сузе и Атиџе се речиси неразделни и често споделуваат заеднички фотографии, а се чини дека токму медената хероина е инспирација за Сузана.
-Насмевката е најдобриот лек за се … Особено онаа насмевка која се издигнала над сите неволји и преживеала многу несреќи, спознавајќи дека повеќето ситуации во животот ги сфаќаме пресериозно. Многумина и не се сеќаваат кога последен пат од срце се насмеале, оти мислат дека тоа нема потреба!, напиша Сузана на Инстаграм и додава:
„Дека треба да си којзнае колку радосен, среќен и среден за да се смееш до солзи … Не другАри … Животот не е лесен, и се состои од многу непредвидливи ситуации, од многу бури и невремиња, предизвици, препреки и слепи улици во кои попатно ја губиме насмевката … Ја снемува … Затоа, не дозволувајте ништо и никој да ви ја „убие“ насмевката, бидејќи таа е најголемиот противотров за сите неповолни периоди низ кои порано или покасно сите поминуваме …“
„Не престанувајте да се смеете, бидејќи од насмевката, се раѓа среќата …“-напиша таа и сподели прекрасна фотографија од нив двете насмеани.
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева