Убава причина за славење во домот нa Aнета и Џими од „Молика“ – популарниот пар сподели преубави вести
Семејството на популарната македонска пејачка имаше причина за славење.
Најдобриот женски вокал во Македонија и најдобрата група се често барани за свадби и веселби, како во земјава така и надвор од неа.
Регионот, а и дијаспората со нетрпение го очекуваат секое нивно гостување и настап за да уживаат во преубавата музика и глас на Анета и група Молика.
Анета Мицевска или во јавноста позната како Анета Молика има и стас и глас, а со музиката почнала да се занимава уште од 14 години.
Прекарот го добила од истоимената група Молика со која настапува повеќе од 20 години, а во кој член е и нејзиниот сопруг Џими Мицевски. Анета и Џими се повеќе од 18 години во брак, а 2 години претходно биле во врска.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Моника.
Семејството Мицевски имаа повод за славење а тоа беше нивната слава Митровден или Свети Димитриј која секогаш се слави на 8 ноември.
Сопругот на Анета на својот фејсбук-профил се пофали со неколку фотографии од богатата трпеза со разновидни јадења и еден куп гости и напиша:
– За многу години нашата куќна слава Митровден.
Анета секогаш ја градела својата кариера на база на квалитет, а никогаш врз основа на скандали и афери.
Со нејзиниот глас ја освои публиката ширум Балканот.
Секогаш умерена и пристојна таа плени каде и да се појави.