Откако се породи изгледа подобро од кога било досега – популарната македонска водителка покажа колку пораснала ќерката
Убавата водителка покажа колку пораснала нејзината ќерка и како е да се биде мајка.
Долго време е водителка, но се чини дека публиката најмногу ја памети од популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ иако шоуто го напушти уште пред година дена.
Александра во тој период беше бремена со своето прво дете, па улогата на водител во емисијата ѝ ја препушти на Сања Савеска.
Таа сепак остана активна на социјалните мрежи, каде често споделуваше фотографии од своето трудничко стомаче, уживајќи во својата бременост.
На почетокот на оваа година Александра сподели дека се породила и дека на свет донела женско бебе.
„Соништата навистина се остваруваат. Официјално е! Сара пристигна на 23.01.2021“ – напиша водителката покрај фотографијата.
Набрзо по породувањето таа се врати во форма и изгледа беспрекорно.
Александра сега направи споредба и објави две фотографии, едната од времето кога беше бремена, а на другата таа позира со својата ќеркичка во прегратка која веќе наполни 9 месеци.
-Бебе е нешто што го носиш во себе 9 месеци, и цел живот во своите раце.
На 9 месеци со Сара, на нашето омилено место Леуново-напиша водителката.
Дека децата се посебни и цел живот се во срцето на родителите без разлика колку се стари е веќе јасно, но она што може да се забележи по фотографиите е дека Александра изгледа неодоливо.
Откако Сара порасна мама Александра реши да се врати на работните обврски и започна со нов проект на Канал 5 каде ја води утринската програма „Здраво Македонијо“.